речник контакт

Драган Ванов петти на ендуро јуниори Е1 класата, во Себис Романија

ФК Борец победи, Гемиџии му помага за врвот, Превалец поразен – резултати Трета лига Југ

Петар Печков

На првата трка од Балканскиот ендуро шампионат, кој викендов се одржа во Себис Романија, велешанецот Драган Ванов, член на МК Мото Велес го освои петтото место во Е1 јуниор  класата и 27-то  во севкупна конкуренција. Со ова тој освои 11 бода по настапот во Романија. 

Трката беше мошне тешка и напорна. Учествуваа мотористи кои имаат возено и на релито Дакар, како што е Мани Гунес кој годинава беше 17-ти.    Оваа трка беше тест за можностите ан Драган и на неговиот мотор – изјави неговиот тренер Сашко Ванов, кој заедно со Горан Тасиќ беа поддршка на оваа трка.  На овој прв настап годинава, учествувале 153 возачи од Романија, Унгарија, Словачка  а  трката била и  дел од  националниот  шампионат на Унгарија и  Романија.   Ванов  возеше со неговиот мотор  KAWASAKI KXF 250 со  специјални внатрешни гуми Michelin Bib Mousse Flat-Proof Competition Foam Tube  кои не можат да се дупнат. Од неговиот тим, најавуваат дека Драган Ванов ќе ги вози и двете преостанати трки од  Балканскиот ендуро шампионат.

Во 19-тото коло од Третата лига Југ, екипата на најстариот велешки лигаш  Борец  ја добива битката аза второто место иако и третото носи во Втора лига.  Борец 1919 победи во гости  во прилепско Обршани против Партизан, кој е   во средината на табелата со  седум победи   со 2:4. За него одигра и најмладиот лигаш во ова друштво екипата на  Гемиџии, која дома на Градски одигра нерешено со Победа Валандово која е трето пласирана. Натпреварот  заврши со резултат 4:4.  Превалец загуби минимално со 1:0 во Удово од Младост, кој е осми со 20 бода. 

По ова коло Борец остана  втор со 41 бод, десет помалку од лидерот Кожуф а три повеќе од Победа Валандово. Превалец е четврти со 32 бода, додека Гемиџии  и натаму се шести со 27 бода. Во наредното 20-то коло е дербито на пролетта Борец го пречекува Кожуф, Преваелц игра со Росоман кој е 12-ти, а Гемиџии гостуваат  во Миравци на Зорбас Победа која е претпоследна со 11бода. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »