речник контакт

Драган Ванов победи на трките во мото крос во Битола и го освои шампионатот

Тој гo освои шампионaтот во мотокрос а претходно и во ендуро

Петар Печков

Со победи во двете мотокрос  трки кои се возеа вчера, недела, на патеката Смолево, близу Битола, велешанецот Драган Ванов, член на МК Мото Велес славеше и во генералниот севкупен пласман. Ванов имаше најдобро време во двете возење, помеѓу седумте учесници во конкуренција.

Вон конкуренција на овие трки настапија и двајца учесници од Србија, беше втор и Италија, беше шести.  Воздеше возеше во МХ2 до 250 кубика а вози на мотор „Кавасаки“. Со ова тој ја задржа првата позиција во мотокрос и на крајот го освои шампионатот. Истовремено Ванов е победник и во ендуро шампионатот, што е редок успех, некој моторист да освои две титули во различни категории. 

За Ванов ова е четврта шампионска  титула во ендуро  и прва во мотокрос. На ФБ неговиот придружен тим, напиша „Ова е огромен успех за Драган, кој е мошне тешко да се постигне имајќи предвид дека ова се опасни и екстремни спортови со висок ризик“.

Второто место на овие две трки, возени во Битола, на патеката Смолево ги освои членот на МК Мото Велес, скопјанецот Даниел Јаневски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »