речник контакт

Драган Ванов победник во Е1 првата ендуро трка од државното првенство

Се возеше на патеката кај езеро Младост

Петар Печков

На првата трка од Државното првенство во ендуро мотоцилизам, одржано на патеката кај велешко езеро Младост, победи Драган Ванов од МК Мото Велес, пред исто така велешанецот Мартин Караколев, кој настапува за Ендуро клуб Водно Скопје а трет беше Драган Зафировски од МК Мото Влеес.

Тоа беше пласманот во категоријата Е1, додека во Е2 победи тетовецот Али Керим од МК Хиенад Тетово. Во Е3 победи Самет Имери од МК Мото Велес.

Се возеа два круга по 40 километри по нерамен земјен терен со многу вештачки направени препреки. Втората ендуро трка од Државниот македонски шампионат за 2024 се планира да се одржи во септември во Куманово, а третата трка во октомври во Тетово.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »