речник контакт

Драган Ванов победник на ендуро трката на патеката кај езеро Младост

Oва беше прва трка од државното првенство за ендуро на мото федерацијата на Македонија

Петар Печков

Драган Ванов од Мото клуб Велес  е победник на ендуро трката која викендов се возеше на патеката на езеро Младост. Тој имаше најдобро време од   23 учесници во сите четири категории. Ванов возеше мотор марка „кавасаки“во категоријата Е1.

Oва беше прва трка од државното првенство за ендуро на мото федерацијата на Македонија.

Во категоријaта Е2 членот на Мото клуб Велес Леутрим Хасаметај беше трет , додека во Е3 Давид Крстевски беше втор. Кај јуниорите Самир Бишевац од Мото клуб Велес  беше победник, додека Ѓорѓиче Давчевски од Ендуро клуб Велес беше втор. 

Втората и според најавите последна трка во ендуро првенството ќе се вози кон крајот на август на патеката Забел  кај Куманово.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »