речник контакт

Драма во Вардар, спасена жена која скокна од мостот

Жената ја спасија две храбри момчиња кои скокнаа по неа од мостот

Петар Печков

Вечерва се случуваше животна драма  на мостот Гемиџии, која заврши со среќен крај. Велешанката Л.С. (36 год) околу 19,20 минути скокнала од мостот Гемиџии. Сведоците кои биле присутни веднаш се јавиле во Брзата помош чија екипа бргу дојде на местото на настанот.

Откако жената скокнала по неа скокнале и три лица Емин, Махмут и Фаик кои ја однеле до еден од колтуците на реката. Бидејќи и покрај нискиот водостој на Вардар, беше тешко да се изнесе на суво, борбата траеше 15-тина минути.

На помош дојде и чамец од велешките кајак клубови, со кого беше изнесена, кај споменикот на Гемиџии, веднаш прифатена од докторите и пренесена во Општата Болница. Таму беа однесени и двете лица кои храбро скокна од 10-тина метри за да и помогнат на жената. 

Според информациите од дежурните доктори на интерното одделение  С.Л. е вон животна опасност.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »