речник контакт

Драмата „Гулабица“ со Хелен Мирен и Џулиан Андерсон на репертоарот на 3Д киноверзум (видео)

Премиера има и спортската комедија „Полн погодок“, приказна за фудбалскиот тим на Американска Самоа кој на СП загубил од Австралија со 31:0

Петар Печков

Седум филмови се на репертоарот на 3Д киноверзум наредните седум дена. Два од нив се премиери.

Љубовната драма „Гулабица- чудесна приказна“ со Џилиен Андерсон и Хелен Мирен. Патувајте низ времето додека бабата на Џулијан му ја раскажува својата младост, каде што несебичниот чин на едно момче станува основа за љубовна приказна која ги надминува границите на стравот и опасноста. Приказни за нејзиното детство како млада еврејска девојка во Франција окупирана од нацистите за време на Втората светска војна, додека од нацистите ја крие соученик и неговите родители.

Втората премиера е спортската драма, комедија „Полн погодок“.  Приказна за фудбалскиот тим на Американска Самоа кои го имаат претрпено најголемиот пораз во историјата на Светското фудбалско првенство, губејќи од Австралија 31-0. Како што се приближува Светското првенство, тимот го регрутира тренерот Ронген кој би им помогнал да победат.

Биографскиот филм „Ферари“ е спортска драма во летото 1957 година, кога автомобилската империја на Енцо Ферари е во криза.

Американскиот филм акција,  авантура и фантазија „Аквамен и изгубеното кралство“ . Аквамен ги балансира своите должности како крал и како член на Лигата на правдата, сето тоа додека планира свадба. Блек Манта е во потрага по атлантска технологија за да помогне во обновата на неговиот оклоп. Орм планира да избега од неговиот затвор во Атлантида. 

Најгледаниот филм во светот изминатите викенди иза Божик и за Нова година,  „Вонка“ е пред велешката кино публика.  „Вонка“, музички СФ филм, бајка. Дали сакате да знаете како започна сѐ? Откријте го потеклото на Вили Вонка и неговата средба со фасцинантните Умпа-Лумпа во неговите најрани авантури. Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколаднатафабрика, Вонка ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка, што го знаеме и денес.

Македонскиот цртан филм „Звуците на Новата година“, е дел од популарниот детски проект „Светот на Биби“.Во цртаниот филм, Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1 и мистериозните чувари на Заз се обединуваат за да ја спасат целата музика во универзумот. Режисери се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, гласовите ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски, а музиката е на Ангел Ќосев.

Анимираниот “Птици преселници“  е приказна за семејство патки кои  се обидуваат да го убедат нивниот престрог татко да одат на одмор.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »