речник контакт

Драмското студио „Словото“ настапи во Сасари, на Сицилија

Студиото со кое работи актерката Весна Бобевска, настапи со претставата „Така било пишано“

Петар Печков

Неодамна  драмското студио "СЛОВОТО" од Велес, имаше настап во Сасари   Сардинија на Интернационален фестивал за експериментален театар. Студиото со кое работи  актерката Весна Бобевска, настапи со претставата „Така било пишано“.  Годинава фестивалот бил под мотото „Истражувачки остров“  и бил на тема невербален театар.

„Децата за прв пат се соочија, научија некои елементи од пантомимата.  Им предаваше познатиот професор од Бугарија Александар Илиев, кој завршил кај таткото на пантомимата Марсел Марсо и кај Жан Луи Баро. Темата на нашата претстава беше судбината, дали е таа врежана таму некаде по раѓањето, од наречниците, за преданијата кај нас, ги образложивме. Претставата имаше и филозофски дел. Покажавме и за Македонскиот народ како еден од трите измачени народи, Палестинскиот, Ерменскиот и Македонскиот.  Имаше и сцена од Пиреј на Петре М. Андревски“ - кажа Весна Бобевска.

Во претставата настапуваат Ангел Блажевски,   Теодора Панова, Изабела Димкова, Ангела Блажевска. Фестивалот е финансиран од Европски фондови а Бобевска има учествувано на фестивалот години наназад. 

 фото ФБ / драмско студио СЛОВОТО

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »