речник контакт

Дрвјата масовно се сечат во градот, а се садат ли нови

Му се случува ли на Велес нова еколошка хаварија. Надлежните уверуваат и бараат трпеливост, ново засадени дрвја има

Петар Печков

Најновото сечење на дрвјата од дворот на ОУ Васил Главинов, кое се случува деновиве  предизвика бројни реакции кај велешани.  Но тоа не е прво масовно сечење. Со изговор дека се отстрануваат деградирани и стари дрвја последните години  велешани беа сведоци  на голема  и масовна сеча во градот.

Градскиот парк, Младински парк, просторот кај Автобуската станица останаа без старите тополи, багреми, борови. И додека од ЈКП објаснуваат дека ова е планско сечење на стари и деградирани дрва, жителите реагираат дека се сече неплански.

Има ли крај на сечењето дрвја по градов. Сведоци сме дека има се повеќе бехатон,   но дрвјата ги нема. Градот ни опусте, од малкуте дрва што ги има, остануваат уште помалку..  Мора да се има ред, не може вака да се работи, премногу дрвја се исекоа, бројката не се знае. Се со објаснување дека се  стари и деградирани. Се исекоа и тие што беа покрај брегот на реката Вардар. Така сега водата има можност да го менува коритото – велат велешани.

На повеќе јавни површини ЈКП Дервен изврши  реновирање на парковите површини. Таму  нема стари дрвја, има зеленило, трева и цвеќиња.  Кој дрвја ќе се сечат одлучувала комисија за деградирани дрвја, која била составена од стручни лица.

Се сечат дрвја стари опасни дрвја, дрва родни неприлагодени за паркови. Не можам да кажам бројка колку дрвја се ново засадени. Ги има долж главната улица Благој Ѓорев, кај. Тие се во мала фаза на раст  и треба да бидеме трпеливи, за дрвјата да пораснат. Во секој случај Велес ќе има повеќе дрвја отколку сега што има  - изјави дипл.хорт. Татјана Ангелова раководителот на РЕ паркови и зеленило. 

Последното сечење на дрвјата од дворот на ОУ Васил Главинов предизвика реакции и на екологистите. За нив е несфатливо да се сечат дрвја кои ги штитат учениците од издувните гасови  од сообраќајот и од бучавата да се сечат. 

Во ситуација кога  други градови во земјава  се гушат во смог, ние ги сечеме дрвјата. Грев е да се сечат дрвја во училишните дворови. За да израснат нови потребни се 20 години а како дотогаш градот ќе диши и живее. За оваа сеча во градот мора некој да понесе одговорност. Нема планско сечење, оти  тоа е стихијно. Каде се новите садници. Како ќе изгледа градот во наредните десетина години -  реагираше Ненад Коциќ претседател  на  Еколошкото друштво Вила Зора од Велес.

Минатата пролет со оправдување  дека се гради водоводот кон езерото Младост беа исечени 1.250 борови, стари по 30-тина години, кои се дел од тамошната шума.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »