речник контакт

Древни „изгубени“ градови

Овие чуда на стариот свет вредат да се видат, или барем да се фантазира за нив. Во немирни времиња какви што се сега, не е лошо да се потсетиме дека луѓето се способни и за големи дела.

Петар Печков

Петра, Јордан

Петра е древен град на Блискиот исток, на територијата на денешен Јордан. Поранешната престолнина на Набатејското царство ја освоиле Римјаните во 106 година пред новата ера и тогаш овој град станал дел од римската провинција Арабија. Во VII век паѓа во рацете на муслиманите, а првиот човек од Европа кој го видел градот Петра бил Швајцарецот Јохан Буркхарт.

Археолошките ископини ги откриле спомениците, гробниците со раскошни фасади од розови, црвени и виолетови камења. Интересот за овој древен град расте во текот на 80-тите години од минатиот век, благодарение на филмските авантури на Индијана Џонс.

Чичен Ица, Мексико

Чичен Ица го основале Маите во мексиканската држава Јукатан, се претпоставува во VI век во новата ера. Во X век градот го освоиле племиња од групата Толтеки и освојувачите изградиле многу градби, од кои и познатата скалеста пирамида „Ел кастиљо“. Во близина е и терен на кој, по крвавите спортски игри, на боговите се принесувале човечки жртви.

Иако градот бил напуштен уште пред доаѓањето на конквистадорите во XVI век, Маите и понатаму го сметале за свето место.

Џеринкуја, Турција

За Кападокија, област во централна Турција, карактеристичен е специфичниот градежен феномен – подземни градови направени во вулкански карпи. Една од тие населби се наоѓа во близина на градот Деринкуја, а тој локалитет е еден од ретките од овој тип кој е достапен на туристите.

Се претпоставува дека овој подземен град, кој може да прими и до 50.000 луѓе и неброени стада стока, настанал во VIII или VII век пред новата ера.

Градот бил откриен случајно во 1963 година кога еден жител на денешен Џеринкуја го урнал ѕидот во подрумот на својата куќа и открил дека зад ѕидот се наоѓа уште една просторија, па уште една... И така бил откриен најголемиот подземен град во Турција.

Мачу Пикчу, Перу

Древната тврдина на Инките во 1911 година ја открил Американецот Хирам Бингем. Храмот и градот останале речиси недопрени со векови, благодарение на тоа што се наоѓа на висина од 2.350 метри, па шпанските освојувачи не можеле да дојдат до тврдината.

Денес овој локалитет под заштита на Унеско е популарна туристичка дестинација.

Ангкор, Камбоџа

Ангкор бил престолнина на Кмерското царство од IX до XV век. Ангкор Вот е комплекс на храмови, а ова врвно дело на кмерската архитектура е посветено на богот Вишна, изградено во XII век и со 1.550 метри широчина и 1.400 метри должина претставува најголема религиска градба во светот.

Помпеја, Италија

Помпеја е антички град на југот на Италија, оштетен во земјотрес 63 години пред новата ера, а потоа и целосно уништен од ерупција на вулканот Везув 79-тата година пред новата ера. Остатоците од градот се прекриени со дебели слоеви на вулканска прашина, па на тој начин се „конзервирани“ и со векови зачувани од пропаѓање.

Археолошките ископини на овој локалитет биле почнати уште во 1748 година, а покрај форумот, храмовите, јавните купатила, театри и стотици куќи, во текот на децениските и вековните истражувања откриени се и тела на Помпејци мумифицирани со вулканска прашина, бидејќи ерупцијата била толку силна што луѓето немале шанса да побегнат.

текстот е превземен од mondo.rs

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »