речник контакт

Дрекселмаер донираше возило за лицата со посебни потреби „Надеж“ од Градско

Донацијата е вредна 20 илјади евра

Петар Печков

Здружението „Надеж“ од Градско доби патничко возило, марка „фолксваген“. Донацијата е вредна 20 илјади евра.

Со ова возило ќе се овозможи поголема мобилност на членовите на здружението, кои до сега не беа во можност да ги реализираат своите потреби, надвор од домовите.

Сега ќе можат да излезат од живеалиштата  и со прикладни екскурзии да го збогатат социјалниот и општествениот живот.

Општина Градско се обврзала да се грижи за континуирана техничка исправност на возилото, за негова годишна регистрација и одржување, со што ќе помогне здружението непречено да ги објавува своите активности.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »