речник контакт

Државна администрација, од април првата сабота - работна

Дел од министерствата и секторите на јавните институции од април месец, натаму, ќе ја работата секоја прва сабота во месецот

Петар Печков


Со оваа одлука, секоја прва сабота во месецот ќе биде работна за секторите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, дел од секторите на Управата за јавни приходи, секторите за издавање на лични документи при Министерството за внатрешни работи, одделенија на Центрите за социјална работа како и Управата за водење на матични книги.

Вработените во јавната администрација кои ќе ја работат секоја прва саботата нема да добиваат дополнителни приходи, туку оние кои ја работеле саботата, понеделникот ќе им биде слободен. На овој начин оваа одлука на Владата нема да има финансиски импликации.

Со оглед на тоа што голем дел од вработените граѓани се принудени да отсуствуваат од работа поради завршување на своите приватни работи односно своите потреби за вадење на документи за остварување на права и слично, а со цел да им се излезе во пресрет на нивните барања и потреби владата донесе одлука за промена на распоредот на работното време на овие органи - изјави министерот Бајрами.

Со оваа одлука, секоја прва сабота во месецот ќе биде работна за секторите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  дел од секторите на Управата за јавни приходи, секторите за издавање на лични документи при Министерството за внатрешни работи, одделенија на Центрите за социјална работа како и Управата за водење на матични книги.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »