речник контакт

Државниот архив по повод 120 години од Илинденското востание, со изложбена поставка

Изложбата е дел од одбележувањето на 120 годишнината на Илинденското востание

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес поставена е изложба на документи, фотографии поврзани со Илинденското востание, што е дел од одбележувањето на 120 годишнината. Авторите на изложбата  се д-р Јасмина Дамјановска, д-р Бранислав Светозаревиќ, д-р Аднан Шериф, м-р Љупка Андов, м-р Марјан Гијовски, кои  ги прикажуваат напорите на Државниот архив во повеќе од 70-годишното постоење да дојде  и обезбеди  до нови факти содржани во архивска документација.

„Настојувањето да се соберат и да се претстават што поголем број докази за најзначајниот национален празник, Илинден, Државниот архив го прикажува со 21 изложбено пано со повеќе од 300 архивски документи и фотографии. Прикажаните документи се дел од архивските фондови што се чуваат како оригинали во Државниот архив, но и од државните архиви во Истанбул, Софија, Белград, кои се преземени од нашиот архив во вид на микрофилмови, или на копиран архивски материјал“ - кажа Дамјановска.

Меѓу 300 архивски документи и фотографии се и писмата до Ахил -Гоце Делчев, до Асен - Иван Белешков од 1902 година со кое го задолжува да се ангажира за набавка на оружје, како и она до Никола Зографов од 1897 година во кое меѓу другото го известува дека на Даме Груев ќе му испрати револвер со 100 куршуми и две ками. Понатаму, дел од изложбата се и фотографии од четите на Гоце Делчев, Јордан Пиперката, Питу Гули, Ѓорги Сугарев.

На пано се изложени и документи со кои ФНР Југославија од 1946 година им доделува пензии на учесниците во Илинденското востание, во висина од илјада до осум илјади денари, во зависност на која позиција, каква улога  биле во востанието. Исто така им биле доделувани и медали, но и факсимили од текстови во светски влијателните весници, како пишувале за востанието.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »