речник контакт

Државниот завод за ревизија со резерва кон резултатите на ЈКП Дервен

ЈКП Дервен не дал забелешки на документот. На што се однесуваат забелешките во работата на велешките комуналци

Петар Печков

Државниот завод за ревизија извршил ревизија на работењето на ЈКП Дервен за 2011-та година, при што ,,изразил мислење со резерва,,. Забелешките на ревизорите се однесуваат на системот на интерни контроли на утврдување и наплата на комуналните услуги. Тие можеле да влијаат врз наплатата и целосноста на приходите.

ЈКП Дервен немал ниту преземено активност за воведување на работење со ИСО стандардите, со цел постојано следење на процесите и нивно унапредување. Ревизорите сериозна забелешка имаат и кон ИТ  безбедноста (информатичката технологија) која е спротивна на меѓународните стандарди и најдобри пракси со шот постои ризик од несоодветен развој на ИТ, неовластен пристап до податоци и ранливост.

Во писмениот документ на ДЗР има забелешка и на тоа што ЈКП Дерен не ја впишал во трговскиот регистар  главнината, пазарната вредност на имотот или не е извршена проценка на капиталот. Не била извршена ниту проценка на  старосната структура на побарувањата и проценка за нивна наплата. Не биле почитувани ниту на одредбите од Законот за снабдување со вода за пиење, со кој потрошувачите треба да склучуваат договори со ЈКП Дервен за услугите што ги добиваат со јасно определена цена на чинење на водата.

За овие забелешки Државниот заод за ревизија до надлежните од ЈКП Дервен дал препораки како и кој тие да ги отстрани. Констатирано било дека забелешките од претходната ревизија во 2003-та , осум години потоа биле отстранети. Од страна на овластениот застапник на ЈКП Дервен по овој извештај  тие не дале забелешки.  Во целост можете да го видите на оваа страница:

http://www.dzr.mk/Uploads/40_JKP_Derven_Veles_GP2012.pdf

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »