речник контакт

Државниот инспекторат за животна средина забранил да се сече металот во поранешна Топилница(фото)

Не може да се утврди дали причината е контакт на искра со стара електрична инсталација или со талог од експлозивна хемикалија

Петар Печков

Даден е налог за забрана на работа на фирмата која го сече металот од објектите на поранешна Топилница, а  каде вчера изби пожар. Топилницата иако не работи 18 години, се уште е индустриско еколошко жариште, а објектите се во сопственост на „Метрудхем“.

„Изречена е усна забрана за работа на „ЗД Отпад Охрид“, компанија која е ангажирана од сопственикот „Метрудхем“ да го отстрани отпадниот метал од локацијата“ - информираа од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), кој извршил увид на местото каде се случил пожарот.  Освен  нив увид направила и екипа на СВР Велес.

„Констатирано е дека пожарот избувнал во текот на сечењето метал од постројка за филтрирање, но не може да се утврди дали причината е контакт на искра со стара електрична инсталација или со талог од експлозивна хемикалија“ соопштија  од  ДИЖС.

Пожарот се случи вчера околу 11ч. и за тоа против пожарната единица од Велес ја информирале соседите, не фирмата која врши сечење на металот, ниту обезбедувањето на Топилницата.

„Во најитен рок сопственикот „Метрудхем“ мора да достави документација за отстранување хемикалии и опасен отпад и нивно евентуално чување на локацијата. Истовремено, се врши надзор и врз ЗД „Отпад Охрид“, за да се утврди колкави количини отпаден метал се веќе отстранети и дали отпадниот метал е потенцијално контаминиран со опасни материи“, стои во соопштението од инспекторатот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »