речник контакт

Државниот просветен инспекторат за конкурсот за директор на ОУ Св. Кирил и Методиј

За констатирани неправилности издадено е и едно Решение и извршен е контролен инспекциски надзор

Петар Печков

Конкурсот за избор на директор во ОУ Св. Кирил и Методиј резултираше со негово поништување.  По реакција на еден од кандидатите, извршен бил вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Од оваа инспекција во писмен одгвор за настаните што се констатирани таму.

„Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Велес оваа календарска година извршени се три  вонредни инспекциски надзори. За констатирани неправилности издадено е и едно Решение и извршен е контролен инспекциски надзор по истото.  За констатираните состојбите, а посебно за констатирани неправилности при надзорите, известен е и Градоначалникот на општина Велес“- соопштија од ДПИ.

Поради тие неправилности ДПИ побрало промена  на членот на Училишниот одбор делегиран од Советот на општина Велес, со нов. Тоа на последната седница на Советот,  одржана минатата седмица и се случи.

ДПИ реагирал по претставка на  кандидат за директор,  откако во првиот обид била одбиена, поради тоа што сертификатот за познавање на англискиот јазик, според УО,  не бил преведен на македонски јазик.  ДПИ во вонреден инспекциски надзор на 31 мај, констатирал дека сертификатот бил во согласност на Законот. По ова на Училишниот одбор му било дадена задача да ги отстрани неправилностите.

Подоцна на 14 јуни во контролен надзор, ДПИ констатирал дека комисијата за избор  презела активности за утврдување на валидноста на сертификатот за познавање на англискиот јазик на истиот кандидат, кои претходно го одбила а такви надлежности немала.

Поради направените пропусти од страна на лице кое е претставник делегиран од Советот на Општина Велес, ДПИ побрало тоа да биде заменето со ново. И додека се води оваа правна борба околу изборот на нов директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ таму за в.д. директор е именуван  Марјанчо Филипов.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »