Петар Печков
Објавено: четврток, 29 октомври 2020
Велешанка на ден пладне, нападната во својот дом, физички малтретирана, одземен и е накит и мобилен. Полицијата со детали за настанот, кој се случил средата околу пладне во дом во центарот на градот.
На 28-ми октомври во СВР Велес било пријавено дека околу 14.30 часот едно лице физички нападнало 80 годишна жена во нејзиниот дом и ѝ одзело накит и мобилен телефон- информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и трага по сторителот.Неделата навечер пак маскирано лице, изврши разбојништво во маркет на Којник, и од продавачката по закана од живот со пиштол, го одзел дневниот промет.
Tweet |