речник контакт

Друже Тито ми ти се кунемо

Аууу што слушнав - ќе не прекрстеле пак во Титов Велес

lj lkjl

Еднаш ќе седнам пред телевизорот и ќе слушнам милиони глупости. Тоа ти е луѓе без работа па им текнуваат само нови, нови и нови глупости, ама ова што го чув беше не врв на глупост, не глупост од светски размер - туку најтешката глупост на Галаксијава наша а најверојатно и пошироко. Замислете покрената е иницијатива на Велес да му се врати старото име Титов Велес, да да добро читаш Титов Велес. Па зарем е можно на некого да му истекне вакво нешто. Епа ете - можно !? Па добро како прво овие што ги измислуваат овие глупости не помислуваат ли на тоа колку многу ќе чини еден пакет нови документи: лична карта, пасош, индекс, возачка дозвола, собраќајна нови таблички на автомобилите, нови патокази .... Па сега ќе требало референдум (и за него плус трошок), за да се изјаснат сите Велешани како сакаат да им се вика градот. Па недај боже ќе го фалсификуваат па ќе излезе да треба да се викаме Титов Велес- уууууф се наежив! Абе оставете го Тито на раат нека си почива човекот - било и поминало тоа време гледајте кон иднината. Замислете како звучи држава од Европска Унија во која има град кој се вика Титов Велес. Небива нели? Да па после ќе испаднеме уште и криви ние Велешани што Македонја не ја примиле во ЕУ и сите на нас со прст да покажуваат. Ова некој ни љубомори што сме кандидатка за ЕУ па ни прави заговор. А овие нашиве непреболени југоносталгичари одама во акција. Веднаш се фатија за идејава ко слеп за стап. А знам и зошто сакаат пак да се викаме Титов Велес-мислат дека пак ке се врати времето кога сите беа вработени, ама никој ништо не работеше, иако никој ништо не работеше нормите секогаш беа 100% исполнети дури и надминати, иако беа нормите надминати по дуќаните немаше ништо а дома сите се имаа, иако сите имаа се пак сите крадеа, ако крадеа, пак ништо не фалеше! Е не, нема да биде така (освен крадењето кое си продолжи и денеска) баш напротив, оти тогаш така беше сега ни е вака. Не ние не сме и не сме биле никогаш Титов град ние сме и ќе бидеме секогаш град на Рацин. Денови ли се - денови аргатски маки големи!

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »