речник контакт

Друштвото на писатели на Македонија со поетско читање му оддаде почит на Рацин

Меѓу 20-та истакнати македонски автори како гостин беше и почесниот конзул на Монголија во Скопје

Петар Печков

Поетскиот караван на  Друштвото  на писатели на Македонија, во Велес,  одржа поетско читање, посветено на 73-тата годишнина од смртта на поетот Коста Солев Рацин.  На поетското читање со свои дела се претставија 20 истакната македонски поети од сите  генерации, членови на ДПМ.    

На овој начин му оддаваме почин на основоположникот на современата македонска литература  Коста Солев Рацин. Манифестацијата е во рамките ан проектот  за дисперзија  на културните вредности  во земјава. Минатата година посетивме 20 градови, годинава имавме неколку настапи. Ние традиционално ги одбележуваме годишнините од смртта на истакни писатели, книжевни великани, и во редот на тие годишнини е и оваа од трагичната смрт на револуционерот и поет Рацин – рече Велес Смилевски, претседател на ДПМ.  

Меѓу поетите како гостин беше и почесниот конзул на Монголија во Македонија  Литов Нандакман Чивин. Настанот се одржав во медиотеката на локалната  библиотека ,,Гоце Делчев,,. 

Постојано наоѓаме соодветни форми да   се оддолжи на грандиозното име на големиот Рацин.  Така и со овој поетски карван  го чествувавме Рацин и 73 години  од неговата трагична смрт – рече  Игор Крајчев директорот Игор Крајчев, директора на библиотеката Гоце Делчев.  

На манифестацијата настапија: Веле Смилевски, Гордана Михајлова  Бошнаковска,Раде Силјан, Санде Стојчевски, Делвина Герлуку, Игор Крајчев,  Димитар Пандев, Ресил Шабани, Иван Чаповски,  Сеида Бегановиќ. Иван Антоновски, Стојан Тарапуза, Братислав Ташковски, Павлина Климкар Меанџиева,  Борче Панов, Олга Панкина, Паскал Гилевски Виолета Танчева Златева, Јовица Илиќ.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »