речник контакт

Дури 40 оздравени пациенти во велешко, од ковид-19

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 24 пациенти, еден помалку од вчера

Петар Печков

Дури 40 пациетни се водат како оздравени од велешко денес, а нови случаи се само три. Ова се податоците кои ги обајви Министерството за здравство, од билтенот за изминатите 24 часа. Бројот на активни слуачи падна на 127 пациенти.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  има згрижено 24  пациенти,  еден  помалку од  вчера.  Од нив 16 се потврдени позитивни  со ПЦР тест, непотврден  се два случаи  а   негативни се шестмина, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Изминатите 24 часа еден пациент е испишани како оздравен со еден енгативен тест и еден нов случај е примен. На  континуирана кислородна поддршка се 13 пациенти“ - кажа др Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На инфективното одделение се згрижени  18 пациенти, а на интерното одделение се шест пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »