речник контакт

Дури 41 моторист во Велес не ги почитувал сообраќајните прописи

Дел од нив не возеле со возачка дозвола, други без заштитен шлем

Петар Печков


Во текот на вчерашниот ден четврток, 28 април сообраќајната полиција во Велес спровела акција за контролирање, дали и колку мотористи ги почитуваат сообраќајните прописи.

„Спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 41 возач. Од нив, осум возеле без возачка дозвола, 25 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а санкционирани се и други прекршоци„- соопштија од МВР.

Акцијата доаѓа во пресрет на првомајскиот викенд, кога вообичаено има голема раздвиженост на младите со мотори.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »