речник контакт

Дури 89 паралелки во велешките училишта со помал број од минимумот

Дилема предимензиониран ли е бројот на наставен кадар според бројот на ученици

Петар Печков

Неодамна Советот на Општина Велес, донесе одлука со која дури 89 паралелки од основните и средни училишта можат да работат во  оваа учебна 2017/18 година,  со ученици под  законскиот минимум.  

Во толку одделенија, ќе има ученици  помалку од  колку  што е законски  пропишаната бројка -25 во средно 24 во основно.  

Најголемиот дел  од овие 89 се во основното образование и тоа 76 додека 13 се во  средното. Најмногу  паралелки  има во најголемото велешко основно училиште Васил Главинов, заедно со неговите подрачни, цели 53.  

Вкупниот број на запишани ученици во прво одделение основните општински училишта за учебната 2017/2018 во Општина Велес е 544, додека лани имало 580 или годинава  36 помалку. Во училиштето во Отовица има дури едно прваче, кое посетува  настава во комбинирана паралелка.

Вкупниот број на запишани ученици во прва година во  средните општински училишта за учебната 2017/18 година во Општина Велес е 643. Лани во  прва година во средно  седнаа само 432 средношколци. За споредба во прва година средно   во 2015-та   имаше  671 ученик. Или во 2010-та во Велес  тогаш се запишале 740  средношколци. Единствено во ОУ Блаже Конески и  ОУ Св. Кирил и Методиј сите паралелки се со   број на ученици во рамките на законски дозволениот.

Намалувањето на бројка на ученици во однос на  претходните години ја наметнува дилемата дали има премногу наставнички кадар откако бројот на ученици е во опаѓање.  Прашан дали во прашање е можеби предимензиониран број на просветни работници, за бројот на ученици, градоначалникот објасни дека се работи според стандарди.  

Постојат критериуми  по кои се работи. Фондот на часови го одредува  бројот на наставнички места. Имаме анализа со надлежниот  просветен општински инспектор за тоа колку просветен кадар,  каде  е потребен во општината како и на кое место – објасни  градоначалникот  Чадиев.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »