речник контакт

Душеци и каучи, најмногу фрлат велешани од габаритен отпад

32 семејства побрале помош за фрлање на ваков отпад, услуга која е бесплатна

Петар Печков

Минатата година  велешките семејства најчесто фрлале душеци и каучи како габаритен отпад. ова се бројките од акцијата која се спроведува  преку целата  година а ја организира локалана власт заедно со ЈКП Дервен.    

Според бројките најчесто се фрлаат душеци лани 17, па растурени каучи -10, потоа следат  теписи, кревети, па троседи, фотелји и  друг домашен инвентар.  Но не знаејќи дека ЈКП Дервен бесплатно го врши фрлањето на габаритниот отпад, дел до пограѓанети, истиот го остават до контејнерите. 

Во акцијата услуга за собирање на габаритен отпад побараа 32 домаќинства. Во акцијата беа собрани приближно 40м3 отпад. Услугата е бесплатна за граѓаните. По собирањето, габаритниот отпад се транспортира до општинската комунална депонија за крајно отстранување, на посебен простор определен за ваков вид на отпад. Забелешка е дека граѓаните доволно не ги користат услугите на ЈКП иако имаат право со еден повик бесплатно да им биде извршена услугата за собирање на габаритен отпад. Тие често практикуваат  овој вид отпад  да го исфрлаат до и во контејнерите , измешан со останатиот комунален отпад и не може одделно да биде евидентиран како габаритен - велат од локалната власт. 

Затоа сметаат дека е потребно оваа активност да се популаризира и граѓаните да знаат за ена, да не се случува габаритниот отпад за завршува  на улица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »