речник контакт

ЕКСКЛУЗИВНО - Велешките цркви на изложба во Њујорк

Во Њујорк, во МЦ галери е поставена изложба на фотографии од Стефан Шашков, насловена "Напуштените храмови".

Петар Печков

Шашков изложува 24 фотографии направени во 2014 година, во селата во велешкиот регион, под водство на Дарко Николовски, советник конзерватор во Националниот конзерваторски центар, кој наедно е и куратор на поставката.

Осврт за фотографиите напишаа владиката канадско-американски Методија Златанов, професорот на Харвард Ханс Гугенхајм и сликарот Александар Станковски.

Дел од фотографиите се откупени и сопственост  на Лори Андерсон, Проект Гугенхајм, Антони Ансаров и Чарлс Линч и Џули Бордо.

Поставката во Њујорк е отворена на 29 јануари, а ќе биде изложена до 7 февруар.

 Фотографиите во прилог се сопственост на Стефан Шашков и се објавени со негова дозвола.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »