речник контакт

Еве го и таблото на генерацијата матуранти 1957

Завршиле 82 ученика, денес се живи 35 и 2 професори. Изработено е од фото студио ,,Манушев,,

Петар Печков

Откако вчера матурантите од велешката Гимназија  кои завршија 1957-та се дружеа на 60 години, се појави и нивното табло. Благодарејќи на Мартин Мајсторов, кој го пронајде во домашната архива, можеме да ги видиме вчерашните славенци како изгледале  пред шест  децении.  

Според зборовите на организаторот Стефан Ѓорчев класни им биле  Ката Бегинова Крстева  (македонски јазик) на женскиот клас, Лилјана Бојаџиева Георгиева (француски јазик)  на машкиот клас   и Тодор Андонов (математика)  на мешаниот клас.

Илија Мајсторов  во чија сопственост  е таблото бил  професор по физика. Освен професорката Бојаџиева која е се уште жива, од тогашната генерација жива е и професорката Светлана Цуракова Најденова која им   предавала хемија.  

На таблото се 82 ученици а е изработено од фото студио ,,Манушев,, . Според Ѓорчев од оваа генерација живи биле 35 тогашни ученика. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »