речник контакт

Евридика“ на Драмскиот театар за крај на „Стоби 2013“

В сабота ќе бидат доделни наградите со претствата „Шекспир во приказни“ на Турскиот театар од Скопје

Петар Печков

Интернационален фестивал на античка драма „Стоби-2013“.  се заокружи со  изведбата на претставата „Евридика“ на Драмскиот театар од Скопје на сцената на амфитеатарот во Стоби. Така на  12-тиот Фестивал  остана само да се дознаат наградените.

Сметам дека разбирањето, љубовта или меѓусебната комуникација меѓу луѓето е она што ги движи работите понатаму во позитивна насока. Токму преку оваа претстава се обидов да докажам дека движечката сила на сите нас е љубовта, без разлика дали е меѓу татко и ќерка, маж и жена, љубовници и слично, изјави режисерката Нина Николиќ, по претставата.

Улогите во претставата ги толкуваа Маја Вељковиќ-Пановска, Игор Ангелов, Диме Илиев, Софија Куновска, Биљана Драгичевиќ-Пројковска, Нина Деан, Филип Трајковиќ и Соља Стамболџиоска.

- Кога родителите заминуваат од овој свет засекогаш, ни недостасуваат во се и тука се сместува Евридика која се навраќа кон љубовта за својот татко и своеволно заминува во подземниот свет. Докажува дека родителската љубов е ненадоместлива, а загубата огромна, потенцираше актерката Маја Вељковиќ-Пановска, која ја толкува улогата на Евридика. Таа беше воодушевена од просторот во Стоби.

В сабота, на 20 јули во Стоби ќе се изведе уште претставата вон конкуренција на фестивалот, „Шекспир во приказни“ на Турскиот театар од Скопје, работена по текстовите на Вилијам Шекспир, а во режија на Кери К. Невзати.

Во конкуренција од три претстави од Македонија,Турција и Србија, в сабота вечер   ќе се доделат наградите  на 12. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“ . Тоа се Гранпри за најдобра претстава, за режија и   за  машка и женска улога.  Тричленото жири во состав Зорица Панчиќ, Крсте Џидров и Нела Витошевиќ ќе решава за добитниците на статуетката Афродита.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »