речник контакт

Евро амбасадорот Гир до Велес и назад со воз, за да учествува на денот без автомобили (фото)

Се поттикнуваше свеста за користење алтернативни превозни средства

Петар Печков

На денот без автомобили, низ велешките улици со велосипеди возеа амбасадорите на ЕУ, Шведска и Италија, претставници од амбасадата на Германија, Мировниот корпус, ОБСЕ, градоначалникот Колев.

Тие се дружеа и со децата од велешките основни училиште и од градинките. Амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир дури допатува со претпладневниот воз од Скопје за Велес и си замина со пладневниот, за да не го користи автомобилот како превозно средство.

„Се дружевме со децата од градинките и основните училишта играјќи друштвени игри и поттикнувајќи ја свеста за користење алтернативни превозни средства и придобивките по здравјето и животната средина“ - кажа градоначалникот на Велес, Марко Колев, кој беше домаќин на настанот.

Оваа седмица  во Велес се  организираа  повеќе   активности, во рамките на Европската недела на мобилност,   меѓу нив и пешачка тура  до врвот Вршник, организирани од Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »