речник контакт

Евро стартот со убедлива победа за велешкиот футсал првак

Во предквалификациите за Лигата на шампиони македонскиот првак КМФ Велес со високи 10:3 го совлада првакот на Република Ирска, вечерва играат со првакот на Естонија

Петар Печков

Македонскиот футсал шампион, КМФ Велес, со висока победа стартуваше во преквалификациите  за Лигата на шампионите. Во првото коло, вчеравечер во Скопје победи со 10:3  (4:1).  Велешани запишаа убедлива победа во првото коло против екипата на Футсамба од Република  Ирска.

Димче Андов отвори со гол во втората минута. По осум минути игра, тој постигна погодок за двојно водство, а неполна минута подоцна, Дарко Ранготов зголеми на високи 3-0. Гостите намалуваат на 3:1, преку Александар Глигоров водат со 4:1.  Второто полувреме Ирците намалуваат на 4:2 а  преку Ранготов во 29 зголемуваат на 5:2.  Петровски во 33 за 6:2,  Мартин Тодорвски на 7:2, гостите намалуваат на 7:3 и во финишот со трите гола на Тодоровски, Рамдан и повторно Тодорвски КМФ Велс дојде до првата евро победа и тоа убедлива од 10:3.   

Вечерва е второто коло а КМФ Велес игра со првакот на Естонија Космос. Тој во првото коло загуби со 2:4 од Валета , првакот на Малта. Средбите се играат во салaта Јане Сандански во Скопје, оти салата Гемиџии во Велес  нема услови за меѓународни натпревари. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »