речник контакт

Европска пракса за учениците од Коле Неделковски (фото)

По 20 ученика престојуваа 18 дена со платен превоз, сместување, храна, екскурзии во слободно време, заедно со по тројца професори во Барселона и Истанбул

Петар Печков

Учениците од СОУ ,,Коле Неделковски,, го реализираа практичниот дел од  наставата која се одвиваше во училишта надвор од Македонија.  Две групи ученици заминаа на практична настава во Шпанија и Турција. Во Барселона заминаа ученици од угостителска струка додека во   Истанбул електро и машинска струка.  

По 20 ученика престојуваа 18 дена со платен превоз, сместување, храна, екскурзии во слободно време,  заедно со по тројца професори.  Се применува европската пракса  да се обрне внимание и   трендот на практична настава во живо. Со оваа програма  се овозможува учениците да извршат пракса не во земјава, туку во странство.

На оваа програма аплициравме за да ги усовршиме учениците во нивното знаење, но и  нашето како наставен кадар.    Таму стекнавме нови  образовни  и животни искуства, што се ни треба, како сме опремени ние, како е таму, што ни недостига   - вели Марјан Панов  професор задолжен за реализација на проектот ,,Еразмус,,.

Тоа е Европска агенција за Европски национални образовни  програми, која со грант во висна од 97  илјади евра го финансираше  овој образовен процес за учениците од велешкото средно училиште ,,Коле Неделковски,,.  Училиштето аплицирало со ист проект и за следната година и  до крајот на мај се очекуваат резултатите, дали повторно  нивните ученици ќе имаат европска пракса.  

Учениците презадоволни од тоа што го виделе, научиле, доживеале. 

Се здобив но нови искуство, научив многу. Работев во кујна, имавме практична настава по шест  часа. Беше многу убаво се едуциравме, шетавме. Се враќам со подобро знаење и искуство  -  рече Мариема Шкриељ- ученичка во третата година во угостителска насока. Таа беше во Барселона, каде беше и Александар   Саздов.

Работев на рецепција, научив многу. Ова беше ново доживување за мене. Од големо значење, нешто што досега не сум го работел. Работев со гости од цел свет, беше интересно. Во сабота и недела имавме можност да прошетаме по Барселона. Бевме гледавме ракомет и навивме за Лазаров и Ристевски – додава Александар.

Тие  престојувале во  Хотел ,,Кампаниле,, Барселона каде имале   практична реална настава и обука, досегашните теоретски знаења   имаа можност да ги надградат, да добијат нови.

Учениците кои престојуваа  во Истанбул беа  во средно  електро  машинско училиште, едно од  петте кое е финансирано од државата, располага со свои лаборатории.  Таму  вршеле тестирања на лифтови, мобилни телефони.

Престојот во  Истанбул  беше големо искуство за мене лично.  Се здобив со поголемо знаење преку праската моите знаење ги продлабочив во струката – вели  Костадина Тодоровска  електро техничар за компјутерска техника и автоматика од  трета година. Со неа беше и Антонела  Ристовска

Ова беше големо искуство. Разменивме искуства со ученици од тамошното училиште . Доколку ми се даде можност со задоволство би отишла повторно – додава Ристовска. 

Изборот на учениците практиканти   бил извршен преку јавен  интерен оглас да се пријават,  кои биле избрани по знаењето, задолжително говорење   на  англиски јазик, интервју со учениците,  и да бидат  од 2-ра до 4-та година. За угостителство имало 45  пријавено додека за Истанбул повеќе од 80 ученика.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »