речник контакт

Еден век од фабриката за Шински возила ,,Колска,, (фото)

За јубилејот, потпишан договор за обнова на 77 товарни вагони и обезбедена работа за до крајот на годината

Петар Печков

Велешка ,,Колска,, денес  -15 април одбележува редок јубилеј, точно 100 години од нејзиното основање.   И за овој голем јубилеј, за 132-те вработени по долго очекување,  дојдоа првите убави вести.  

Во средата бил потпишан договор со  ЈП Македонски железници АД  Транспорт за поправка на товарни вагони, со што  по неколку месечна пауза вработените  се враќаат во фабричките хали а со тоа  се обезбедени средства и за исплата на заостанатите плати.     

Потпишавме договор за  обнова на 77 товарни вагони,  од  кои 21 цистерна, 12 затворени и 44 отворени товарни  вагони.  Од понеделник започнуваме со работа а тогаш ќе  бидат исплатени и дел од заостанатите  плати. Така обезбедиве работа за неколку месеци а вработените ќе  бидат работно ангажиран.  Оваа зделка е обезбедена откако  се  променети неколку Законски решенија. Со промена  на дел од Законот за сигурност  во железничките системи, Колска  доби можност  за добивање на сертификат  за одржување  на  патнички и теретни  влечни и влечни возила кој досега го немавме -  изјави Борис Алчев  директор на фабриката за шински возила Велес.

Така сега Колска со добивањето на лиценца,  без  учество  на тендер ќе може да добива  директно  поправка на вагони  и локомотиви на МЖ.  Оваа лиценца што  тие ја добиле  на  22 март годинава им ги отвора вратите на погоните за поправка на   дел од возилата кои собораќаат по маекдонските пруги . Претходно последна  зделка  Колска имала  лани пролетта кога требало да  се поправат десетина вагони, што патнички што товарни.

Овој пат договорот е  со многу поголем обем и се обезбедува работа до крајот на годината. Истовремено се работи на законско решение со кое Колска се враќа  во рамките на Македонски  железници. Проблемите со кои вработените во фабриката се судруваат се децениски, откако во 1996-тата таа беше издвоена од МЖ. Таму пак е припоена во 1972-та година, претходно била самостоен правен субјект.  

Поради немање на работа вработените неодамна штрајкуваа и бараа  работа и  плата, која ја немаат добиено од јануари годинава. Еден век  постоење е можност за потсетување дека Колска зад себе има оставено силен траг во македонската економија и железница. Факте е дека  во минатото фабриката имала поголем обем на работа и продукција, отколку последните години. 

Освен репарирањето на вагоните и локомотивите на МЖ, изведовеме и неколку крупни работи. Така работевме во изградбата на Фени  во Кавадарци, конструкцијата на  НА-МА во центарот на Струга е наше дело, мостот на Бошава. Изработивме железни садови за Железарите во Скопје, Смедеревска Паланка и Ниш.  Деловниот воз кој сообраќаше од Скопје за Белград и  обратно го изработивме ние, исто како и силосите на фабриката за вар во Превалец. Да  нема забуни никој не изработува од игла до локомотива, но најголемиот дел од овие работи се наше дело. Ги реконструиравме  и т.н. возови ,,Шпанецот,, ,,Горбачов,, локомотивите. Во својот круг имаме 5 км пруги, имаме површина од 70 илјади  м2 од  кои 20 илјади се покриен   -  објаснува  инжинер Стеве Бачев.

Фабриката за шински возила  ,,Велес,,  е меѓу најстарите  на Балканот, изградена 1916-та година.  Колска е изградена од страна на Германците во периодот на првата Светска  војна а во тоа време била само работилница. Тие ја изградиле за нивни потреби, за поправка на возовите кои сообраќале кон Солун и кон Лерин.  

Германците и  изградиле но и ја разрушеле, неколку децении подоцна, 1944-тата кога заминувале пред завршувањето на Втора светска војна. Тогаш Колска повторно е градена од почеток.  Деновиве последните  убави  вести кои раводоството на Колска ги добило, ја враќаат надежта на вработените дека Колска ќе биде долго извор за егзистенција на 132 велешки фамилии.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »