речник контакт

Еден заинтересиран инвеститор за трибините на Градски стадион

Велешка фирма сака да го добие со јавно -приватно партнерство

Петар Печков

На повикот за приватно јавно партнерество, кој го распиша локалната самоуправа, се јавил еден заинтересиран. Ова  се однесува за изградба на трибини на Градскиот стадион во Велес, од страна на Градскиот  парк.

Има доставено една  понуда, ќе ја разгледаме согласно процедурата.  Тоа е од страна на велешка фирма, откако ќе ја отвориме, ќе видиме што тој нуди, бара, дали се исполнети критериумите кои ги бараме. Ако не ќе поставиме монтажни трибини - рече градоначалникот Чадиев. 

Според идејата е да се даде оваа трибина на  приватен инвеститор, кој ќа ја изгради а ќе го добие под трибинскиот простор како деловен простор, кој ќе го продава или измајмува. Било да е магацински или како дуќани.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »