речник контакт

Еден месец во Велес нема склопено брак

Последната венчавка била на 20-ти март и првата најавена е за 24-ти април

Петар Печков

Ликовниот салон, како културна институција не работи два месеци. Овој простор кој е и место каде се склопуваат бракови, не се користи еден  месец. Толку време нема извршена ниту една регистрација на нов брак, во градот и општината. 

Последен склопен брак  во Велес имаме на 20-ти март. Прв следен кој ќе се случи, и  најавен е за 24-ти април. Во меѓувреме нема ниту една ресистрација која се случила на територијата на општината. Поради ново настаната состојба со ковид-10, ги откажавме и склопувањата на брак на отворено, кои беа договорени  - изјавија од Подрачната единица на Управата за водење на матични книги во Велес.   

За новите бракови кои ќе се склопуваат  а се веќе договорени, од ова институција објаснуваат дека во салата ќе можат да присуствуваат само младенците, двајца сведоци и двете службени лица, матичарот и членот на Советот на општината. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »