речник контакт

Еден милион денари инвестирани во подобрување на системот за греење во неколку институции во градот

Инсталирани се или се набавуваат парни котли кои работат на пелети а ќе може да користат гас, кога Велес ќе се гасифицира

Петар Печков

Музичкото училиште ,,Стефан Гајдов,, и клонот на Детската Градинка на ул. Трајко Панов,, во Дворови,  добија  котли на греење со пелети. Истовремено тие имаат можност да работат и на гас и да се користат  кога Велес ќе се гасифицира.  Инвестицијата е со вредност од 440.000 ден од средства од Општинскиот Буџет.

Општина Велес согласно Планот за квалитет на амбиенталниот воздух интензивно работи на рехабилитација и подготовка на топловодните системи во институциите во нејзина надлежност за претстојната грејна сезона. Во ОУ „Васил Главинов“ со стартот на учебната година се изврши санирање на топловодниот систем во училишната зграда кој долго време предизвикуваше проблеми со греењето. Во функција е ставен и лифтот во училиштето поради неопходната потреба за непречен пристап на учениците со посебни потреби - информираа од Општина Велес.

Средствата за двата зафати во ОУ Васил Главинов се обезбедени од буџетот на Општина Велес во износ од околу 500.000 денари. Во тек е јавна набавка за нови котли за општинската зграда каде за греење се користи јаглен на дотраени  котли  кои предизвикуваат големо загадување и не се соодветни на современите  потреби. Новите котли  ќе користат пелети како енергенс со можност за користење на гас во иднина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »