речник контакт

Еден нов позитивен случај со ковид-19 во велешко, еден починат пациент

Бројот на активни случаи се симна на 474 лица

Петар Печков

Еден позитивен како нов случај со ковид-19 и 22 оздравени пациенти во велешко соопштија од Институтот за јавно здравје.  Ова се податоците за изминатите 24 часа.  По ова бројот на активни случаи се симна на 474 а досега заразени  5.411 лица.

 „Почината е пациентка на 78 годишна возраст, позитивна од Велес, лекувана 2 дена на Интерно одделение, потоа како позитивна префрлена и лекувана уште 6 дена  во Модуларната Болница. На кислородна поддршка се 24 пациенти. Испишани се тројца  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест. Во текот на вчерашниот ден  еден пациент е  префрлен во Приватна Болница Систина - Скопје“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница хоспитализирани се 72 пациенти,  од кои 60 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни  и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се 36 пациенти,  на Физикално шест , на Физикално пет и во Модуларната болница 25.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »