речник контакт

Еден нов случај во велешко на позитивен со ковид-19 и четворица оздравени

Бројот на активни случаи во велешко со корона вирус е 35 лица

Петар Печков


Еден позитивен и четворица оздравени, тоа е денешниот биланс со ковид-19, информираа од Министерството за здравство.  Со ова бројката на активни случаи во велешко е 35 лица. Од нив 10 се на Инфективно одделение од велешка Болница, 24 се на домашно лекување и еден е во ГОБ 8-ми септември.  

Едниот случај е заразен  маж, кој не може да посочи како добил корона вирус, бидејќи имал бројни контакти.  Има четворица оздравени од нив тројца се од дома и еден е од Болница - изјавија од Центарот за јавно здравја.
 Така досега во велешко има 313 лица кои биле заразени, 263 оздравеле и 15 се починати.  
 
На инфективното одделение згрижени се  19 пациенти, 17 од нив се потврдено позитивни за двајца се чекаат резултати, тројца се на кислородна поддршка, еден пациент е испишан како оздравен - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »