речник контакт

Еден нов случај на позитивен со ковид-19 во Велес, активни случаи има 52

Двајца пациенти се пуштени од инфективно одделение како оздравени. Новозаразеното лице припаѓа на кластерот на голема фабрика од Скопје

Петар Печков

Во Велес во текот на вчерашниот ден, среда е регистриран еден нов случај на позитивен со ковид-19. Лицето било да се испитува на приватните клиники во Скопје. 

Од Центарот за јавно здравје Велес го водат како кластер кој припаѓа на една голема фабрика од Скопје. Со ова бројката на активни случаи во Велес е 52  лица.

На инфективното одделение има 20  пациенти кои се хоспитализирани, сите се позитивни. Две лица по двата негативни теста  на земените брисеви се водат како оздравени и се пуштени дома.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »