речник контакт

Еден ново заразен, двајца оздравени во Велес

Новозаразениот е од стар кластер, голема фабрика во Скопје. На Инфективното одделение во велешка Болница хоспитализирани се 13 пациенти, 12 потврдени позитивни

Петар Печков

Во текот на вчерашниот дена во Велес  има еден позитивен на ковид-19, лице вработено во голема скопска фабрика, каде пред две седмици исто така имаше случај на позитивен велешанец.  Во истиот период оздравени се две лица,  информираа од Центарот за јавно здравје Велес. Во Велес како активни се водат 28 лица, две од нив се на лекување во Скопје. Денес во Македонија има рекордни 101 лице ново заразено со корона вирус.

Имаме нов случај со ковид-19, лице кое потекнува од постар кластер. Имаме и двајца оздравени, пациент кои покажале два негативни теста од земен брис, едниот бил на домашно лекување, додека вториот на лекување  на Инфективното одделение  - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

На инфективното одделение од велешка Болница хоспитализирани биле 13 пациенти, од нив 12 потврдено позитивни а за еден се чекаат резултати. 

За пациентката од Бузалково, која вчера попладне како итен случај  беше однесена во болницата 8-ми Септември во Скопје, со симптоми  а ковид-19, но до тогаш не била тестирана, до денес  на пладне, во Центарот за јавно здравје немаат добиено податоци за неа, дали е позитивна или не. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »