речник контакт

Еден ново заразен и 14 оздравени од ковид-19 во велешко

Активни се 231 случаи, во велешка Болница се хоспитализирани 32 пациенти

Петар Печков

Денес, понеделник, Министерството за здравство објави дека во велешко има 14 лица оздравени и еден  ново заразен со ковид-19.   Активни се 231 случаи  а досега се заразиле 3.289 лица.

Бројот на починати од последици на корона вирусот, во велешко е 107 пациенти.


Во велешка Болница се хоспитализирани 32 пациенти, од нив на Инфективно одделение се 31 и еден е на Интерно.  Од лежечките пациенти  28 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен  и тројца  пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 13 пациенти. Испишани се  двајца пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »