речник контакт

Еден ново заразен со ковид-19 еден оздравен, короната и натаму присутна во велешко

Во велешко активни се четири случаи. Корона вирусот го нема во 16 градови

Петар Печков

Во Велешко изминатите 24 часа,  има еден нов случај на ковид-19 и еден оздравен, соопштија oд Министерството за здравство. Така  вкупниот број на активни случаи е четири пациенти.

Во велешка Болница хоспитализирани се четири  пациенти, од кои двајца  се позитивни  и згрижени на Инфективно и двајца сомнителни згрижени на Интерно одделение.

Вкупниот број на досега заразни лица во велешко со корона вирусот е  5474 лица.

Во Македонија 16 града нема случаи на позитвно со квоид-19. Тоа се Струга, Кочани,  Гевгелија, Неготино, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница,  Пробиштип, Валандово,  Богданци, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Пехчево, Дојран,  Македонска Каменица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »