речник контакт

Еден од браќата Барди признал дека превезував сто кг марихуана додека другиот негира

Третиот обвинет, Исени учесник како чистач пред транспортот на марихуаната негира дека е дел од акцијата

Петар Печков

Возачот го призна делото, другите двајца обвинети за пренос на сто кг марихуана не признаваат вина. Ова е епилог од судењето на три лица од околината на Скопје, кои беа обвинети за   кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“. 

Сите тројца беа уапсени на наплата рампа Сопот, на автопатот  Скопје - Велес, на 15-ти декември лани.   Возачот на  автомобилот „БМВ“ Јасер Барди од Горно Блаце го признал делото по што како организатор  беше прогласен за виновен и судијката Габриела Гајдова му изрече казна затвор од шест и пол години.

Другите две лица, братот на Јасер, Скендер Барди, кој бил сопатник во возилото и Музефер Исени,  и кој  според обвинението бил чистач на патот, во друг автомобил, биле  помагачи, не го признале делото. Нив им се суди во издвоена постапка, процес кој е во тек.    

Во багажниот на автомобилот ма Басради,  биле пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана. Обвинет е и Музафер Исени  од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »