речник контакт

Еден оздравен, нема ново заболени со ковид-19

Во велешко има 20 активни случаи, на Инфективно одделение се 20 пациенти

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден во велешко нема регистрирано нови случаи со ковид-19. Има само еден оздравен и тоа од домашно лекување, соопштија од Министерството за здравство.

Со ова бројката на активни случаи во велешко е 20 случај.  Досега вкупно заразени се 212 лица, оздравени се 179 а починати се 13.

На Инфективно одделение од велешка болница сместени се 20 пациенти, 18 се потврдено позитивни а за две лица со симптоми  се чекаат резултатите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »