речник контакт

Еден оздравен, ново заразени со ковид-19 во велешко нема

На Инфективно одделение од велешка Болница има 12 пациенти

Петар Печков

Откако изминатите денови заразата со ковид-19 се прошири во Бузалково и Јаболчиште, вчера нема позитивни случаи.  Во текот на вчерашниот ден нема ново заразени со ковид-19 во велешко, додека има еден оздравен.Со тоа  во велешко има 29 активни случаи. 

Оздравениот  е маж кој бил хоспитализиран на Инфективното одделение од велешката Болница и по два негативни теста,  денес е пуштен дома. Министерството за здравство води два случаи, вклучувајќи го и тој вчера оздравениот, кого го немаше во нивниот билтен а пациентката беше пуштена исто така од Инфективно одделение. 

Со тоа бројката на оздравени во велешко   е 116 лица а има 29 активни. Од активните  13 се на домашно лекување, 12 на Инфективно одделение од велешка Болница, две се на Инфективна клиника во Скопје и  по еден во ГОБ 8-ми Септември во Скопје и повратник кој е во државен карантин во хотел во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »