речник контакт

Еден починат, еден ново заразен со ковид-19 во велешко

Во велешка Болница на лекување се 64 пациенти

Петар Печков

Починат е еден пациент (84 год) од Велес, кој бил на лекување во велешка Болница. Со ова бројот на починати поради последиците од корона вирусот во велешко се искачи на  197 лица.

Здравствениот билтен на Институтот за јавно здравје  за изминатите 24 часа покажува дека во велешко има еден нов регистриран случај на позитивен со корона вирус и шест лица  кои се оздравени. Бројот на активни случаи во велешко е 318.

Во велешка Болница се хоспитализирани 64 пациенти,  од кои  47 се потврдени позитивни, седум сомнителни  и 10 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 30 пациенти. Испишан е 1 пациент како оздравен со  еден негативен тест“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

На Инфективно  одделение се згрижени  34, на Интерно девет и во  Модуларна болница 21 пациент.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »