речник контакт

Еден починат во сообраќајка кај мотел Македонија

Под неразјаснети околности возачот излетал од автопатот и завршил во банкината кај подвозникот за мотел Македонија.Возачот идентификуван како Новица А.

Петар Печков

Сообраќајна незгода со еден починат се случи попладневно на автопатот Александар Македонски, во близината на Велес. Нивица А. ( 23 год) е името на возачот на скопска комбе марка ивеко  со таблички СК 644 РЦ, кое дистрибуирало детергент ,,ариел,,.

Според сведоците возилото со голема брзина околу 14,40 часот излетало од автопатот на надвозникот кај мотелот Македонија  во правец кон Скопје и удрило во брегот. Тие притрчале веднаш на помош, на шоферот кој бил заглавен во кабината,   не давал знаци на живот. Бргу на местото на настанот дојдоа екипи на Брза помош и противпожарната единица од Велес.

Нив им требаше повеќе време да го извадат безживотното тело од комбето. Возачите кои застанаа да видат што се случува коментираа дека  нивниот колега ги престигнал по пат и возел доста бргу. На местото на сообраќајката беа екипи на СВР Велес, истражен судија и јавен обвинител, а истрагата ќе ги покаже причините за несреќата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »