речник контакт

Еден починат во сообраќајка кај тунелот Катланово

Скопјанец починал по сообраќајка, кај тунелот Катланово, откако удрил директно во камион

Петар Печков

Во петокот вечерта  во 23,00час. на автопатот Е-75, Велес - Скопје, на 1км. пред тунел Катланово дојдено е до сообраќајна незгода во која учествувале патнички автомобил марка Рено Меган со скопски регистарски ознаки, управуван од лицето Блаже М. (56) од Скопје и товарно моторно возило марка Мерцедес со скопски регистарски ознаки управувано од лицето Г.К. (28) од Валандово.

До  незгодата е дојдено откако возачот  на патничкиот автомобил удрил со авотомобилот во товарното моторно возило, по што на лице место починал. До незгодата е дојдено поради не држење на растојание и неприлагодување на брзината према условите на патот.

Увид  на лице место изврши Јавен обвинител, Истражен судија од Основен суд Велес  и увидна екипа од Секторот за внатрешни  работи Велес.

Анализите од извршениот увид дополнително ќе ги утврдат причините за сообраќајната незгода.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »