речник контакт

Еден починат и двајца повредени во три сообраќајки

Црно сообраќајно претпладне на релацијата Градско - Велес

Петар Печков

   Еден починат и двајца повредени во три одвоени сообраќајки кои се случија вчера претпладне  за осум часа во околината на Градско. Николче Џамбазов ( 21 год) од населба Градско им подлегнал на повредите и починал во сообраќајка  која се случила во утрото во 3 часот на регионалниот пат Велес – Градско, на местото викано Шарен мост, на еден километар пред населбата. 

Управувајќи го автомобилот ,,фолксваген голф,, младиот Џамбазов изгубил контрола удрил во бетонски столб од почетокот на мостот и излетал покрај патот. Повредите  кој ги здобил биле фатални, па и покрај тоа што екипата на Итната помош од Велес дошла брзо на местото на настанот, не можела да му помогне. Жителите на Градско објаснуваат дека на ова место, кое е црна точка од регионалниот пат Велес – Градско, имало повеќе  сообраќајки со смртни случаи.

Во 11 часот на автопатот Градско – Велес битолчанецот  Никола Г. ( 57год) е потешко повреден. Тој во критичниот момент се симнал до камионот, со мисла дека има некаков дефект, но бил удрен од автомобил со грчки регистарски таблички. При тоа се здобил со скршеница на раката и карлицата.

Во исто време, но на друга локација во населбата Градско, нејзиниот жител Орце Д. ( 45 год) се повредил откако се превртела камионска приколка. Тој истоварувал земја, за изградба на тениско игралиште, но поради негова невнимателност и лизгавиот терен, приколката се превртела  при што го повредила. И двете лица се згрижени во велешката болница и според дежурниот доктор Љупчо Леов тие се вон животна опасност, но превентивно се задржани на лекување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »