речник контакт

Еден починат четворица повредени во сообраќајка кај Демир Капија

Фамилијата е од Србија која патувала на одмор за Грција

Петар Печков

Утрово околу 6,30  часот  на влезот од Демри Капија, се случила сообраќајна несреќа, во која има еден починат и четворица повредени. Почина државјанка на Република Србија Миланка К. (63  год) одНова Варош  а повредени се некои потешко други полесно,  татко,  мајка и две деца.

Според СВР Велес сообраќајката се случила на автопатот Куманово  - Демир Капија,  на влезот од градот, кога автомобил марка ,,ситроен берлинго,, со српски регистарски таблички,  на клучката  кај Демир Капија излетал од надвозникот и паднал на подвозникот. Тој ја пробил заштитната метална  ограда и летнал од 5 метри височина.

Во автомобилот  биле таткото  М.К. ( 40 год)  како возач кој има  полесни повреди и мајката А.К. (38 год) со две деца  од девет месеци и три години кои се повредени, префлени во болниците  во  Велес  а од таму на КАРИЛ во Скопје.

 Тие патувале на одмор во Грција.Се претпоставуа дека почината е мајка и баба на брачниот пар.Најтешко е повредено тригодишното девојќе, кое има скршеници на глава.  

Увид на лице место изврши екипа на СВР Велес и јавен обвинител.  Пред точно две години  на истото место на 11 јули,  од автопатот излета возило на српски државјани  на враќање од одмор од Грција, при што почина 11 годишно дете а тројца беа повредени. 

фото: телевизија Канал 5 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »