речник контакт

Еден тешко повреден, по престрелка во Горно Јаболчиште

Застреланиот е пренесен на Клинички во Скопје, тој што пукал е во бегство

Петар Печков

 По меѓусебна расправија еден застрелан во велешкото село Горно Јаболчиште, кој во тешка состојба е префрлен на клиниките во Скопје, пукачот побегнал информираа од СВР Велес. Во средата вечер  во 19,00 часот на влезот во селото Горно Јаболчиште, по претходна расправија Ф.Д.(23)  од огнено оружје испукал неколку куршуми, нанесувајќи му четири прострелни рани на соселанецот  Ќ.С.(31) во пределот на рацете.  Повредениот е пренесен во велешката Болница за укажување лекарска помош, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен Центар Скопје. Лицето кое пукало Ф.Д. по инцидентот побегнало а полицијата која извршила увид на местото на настанот, трага по него.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »