речник контакт

Единаесет нови случаи на ковид-19 во велешко, еден починат пациент

Во велешка Болница се хоспитализирани 21 пациент, активни случаи во велешко се 315

Петар Печков


Министерството за здравство објави дека денес сабота, во велешко  регистрирани се 11  нови случаи на заразени со ковид-19 а  има шест   оздравени пациенти . Со ова бројката на активни случаи се 315 а досега се имаат заразено 3.006  лица.

Изминатото деноноќие почината е една пациентка на 82 годишна возраст, од Велес, позитивна на ковид-19,  лекувана пет  дена на Инфективно одделение..Таа е 102 жртва на корона вирусот во велешко.

Во велешка Болница се хоспитализирани 21 пациент, од кои 16 се потврдени позитивни, еден  сомнителен и четворица  пациенти  се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се   18 а на Интерно тројца пациенти. На кислородна поддршка се седум  пациенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »