речник контакт

Единствена колекција на копчиња се наоѓа во музејот во Цеље

На денот на изборите, ТРМР ви ја претставуваа единствената во светот збирка од копчиња. Таа има 1600 примероци за временски период од пет века, изработени од различни материјали, од железо, камен, од драгоцен камен, порцелан, злато, дрво, стакло, од бисери, од коски. Посетете ја преку оваа репортажа

Петар Печков

Музејот во Цеље, Република Словенија може да се пофали со единствената колекција на копчиња или како што тие ги викаат ,,гумбад,, . Ова несекојдневна збирка  има 1600 примероци за временски период од пет века, изработени од различни материјали. Таа била сопственост на мариборчанецот Франц Пајтлер, кој по неговата смрт ги подарил  на Покраинскиот музеј во Цеље. Копчињата спојуваат, на само  делови од облека  туку и луѓе, градови, и секое од примероците има своја приказна, свој живот и ја покажуваат различноста на културата од каде доаѓаат. 

Сопственикот на колекцијата Франц Пајтлер бил обичен работник кој собирал предмети од минерали, од стакло, фосили, стара керамика,  шишенца за парфеми, копчиња. Неговата колекција броела до 70 илјади примероци копчиња, која потоа се намалила на 30 илјади а дел од нив 1,6 илјади се кај нас во музејот во Цеље. Проблем беше како таа да се презентира, за посетителите да можат да ја следат.  Затоа колекцијата се раздели по теми, материјали и така полесно  е достапна за гледање.

Најстарото копче е од 1540 и тоа е железно, имаме и раритено порцеланско. Во ниту еден европски музеј нема самостојна колекција на копчиња, тука не ги земаме во предвид воените музеи кои се исклучиво  со копчиња од униформи. Во колекцијата има примероци претежно изработени во Европа, тие се од различни материјали,  од различни епохи, од времето на Царицата Марија Терезија, рударски копчиња, воени униформи од австро унгарија, пруски,  англиска, француска, германски, од работниците кои ја граделе железницата Виена – Трст – вели Роже Ратај автор на поставката.

Таа е интересно спакувана според тоа од што се изработени а дизајнот е на Ксенија Барага,  која копчињата ги поставила на дваесетина кукли облечени во сако. Тоа ја прави привлечна и прегледна за посетителите. Копчето е предмет со кој се сретнуваме секој ден, од првиот ден на раѓањето па до крајот на животот, тоа е неодминлив дел од секојдневието, на кое не обрнуваме внимание а  постојано е тука покрај нас, неопходно потребно. Велат дека копчето носи среќа и кога ќе сретнеме оџачар секогаш се фаќаме за него, за да ни донесе среќа. Копчето е старо колку и човештвото, бидејќи уште кога започнале да се грижат за облеката,  кај човековите далечни предци се јавила потреба и за копчиња.

Без ентузијазмот на сега покојниот Пајтлер збирката немаше да постои и оваа изложба е спомен на него. Тие во поголем дел од вековите  биле дел од машката мода, се до средината на 18-тиот век, кога влегле и во женската, за сега да се престижен дел од нивната гардероба. Во последните години од 20 век копчињата се забораваат, ги менува патентот, за во новиот милениум модните креатори повторно да ги вратат во живот – вели Роже Ратај автор на поставката.

Низ вековите тие биле статусен симбол на сопствениците и покажувале колку тој вредел. Копчињата низ времето останале како декоративен момент, незаобиколен дел од животот на секој човек.
                                 
         

Интересно е отварањето на изложбата, кога при  секое нејзино гостување надвор од Цеље,  авторот по воведниот дел бара од присутните да приложат по едно копче.

Ако имате некое копче, кое сметате дека ќе ја збогати оваа колекција и е вредно, подарете го на  музејот, нема да згрешите – објаснува Ратај на посетителите.
                                                                        
        

Сопственикот на копчињата Франц Пајтлер, бил работник во ТАМ во Марибор и кога во почетокот на 90-тите поради кризата ја загубил работата, започнал да собира многу предмети, меѓу нив и копчиња.  Дел од неговата колекција, преку оваа постановка може да ја види и пошироката јавност.  Тие се изработени од железо, камен, од драгоцен камен, порцелан, злато, дрво, стакло, од бисери, од коски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »