речник контакт

Единствениот патнички воз за Битола и до Битола, четвртокот попладне и петокот наутро не сообраќал

Локомотивата била расипана, објаснувале железничарите на патниците

Петар Печков

 И тој еден патнички воз кој сообраќа од Скопје за Битола и обратно, во четвртокот попладне и петокот наутро не сообраќал.  Патниците кои биле на Железничка во Скопје, четвртокот на пладне непријатно биле  разочарани, кога возот не тргнал на патувањето кон Битола.

Според објаснувањето од железничарите,  кои тие моменти биле на перонот, раскажале дека била расипана единствено достапната дизел локомотива, која можела да го вози возот.  Поради тоа што возот попладнето не се упатил и не стигнал до Битола, а паниците залудно чекале на станиците во Велес, Чашка, Богомила.  Бидејќи патнички воз не стигнал во Битола, следната ноќ или утро  во 3,30 ч немало железничка композиција  која од Битола ќе сообраќа за Скопје. Па затоа и тој не тргнал.  

Така  уште вториот ден откако без образложение, стапи на сила редуцираниот патнички сообраќај од и кон Битола, единствениот патнички воз од Скопје за Битола и обратно,  не сообраќаше.   

На поставеното прашање  до  ЈП МЖ Транспорт - Колку локомотиви, електрични и дизел има во возна состојба МЖ Транспорт?  Колку патнички гарнитури, дизел и електрични се во возна состојба?  И дали постојниот возен парк ги задоволува можностите за одржување на патничкиот железнички сообраќај  според важечкиот возен ред за 2023 година, на релациите до Гевгелија, Битола,   Кочани, Кичево и Куманово? И по четири дена одговор нема.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »